Периоден Систем

Периоден систем на елементите







Општи податоци

Најпознатото име во врска со периодниот систем на елементите се поврзува со рускиот хемичар Дмитриј Иванович Менделеев.
Тој уште во 1869г. ја објавил својатa прва верзија  на периодниот сустем на елементите, групирани во шест вертикални групи врз основа на нивните релативни атомски маси. Подоцна Henry Moseley утврдил дека периодичноста е зависна од атомските броеви[1] на елементите, а не од атомските маси[2].
Периоден систем на елементите — табела која ги содржи основните и најважни податоци за хемиските елементи кои до денес се откриени, како што се електронската конфигурација, вредностите за електронегативноста, хемискиот симбол и сл. Познат е и како Менделеев систем.
Периодниот систем се состои од хоризонтални низи (редови) наречени периоди и вертикални низи (колони) наречени групи. Периодите се означуваат со арапски броеви, а групите  со римски броеви. Постојат седум периоди, а бројот и означувањето на групите може да биде најразличен.
Од  2017 година се користи сосема нов Периоден систем на елементите, бидејќи сега четири нови елементи официјално се додадени во седмиот ред – нихониум (Nh), московиум (Mc), тенесин (Ts) и оганесон (Оg). Денес системот има 118 елементи.
Денешниот изглед на периодниот систем е прикажан на сликата.

Методи на групирање

Групи
Група е секоја вертикална колона во периодниот систем. Групите се сметаат за најважен метод во класификацијата на елементите. Кај некои групи, елементите имаат многу слични својства и покажуваат јасен тренд во својствата одејќи надолу по групата. Според меѓународниот систем на именување, групите се нумерирани од 1 до 18 од најлевата колона (алкалните метали) до најдесната колона (благородните гасови).
На некои од овие групи им се дадени тривијални (несистематски) имиња, како алкални метали, земноалкални метали, халогени, халкогени елементи и благородни гасови.
Современите квантномеханички теории за градбата на атомот даваат свое објаснување на трендовите во групите. Според нив, елементите од иста група генерално имаат исти електронски конфигурации на нивните валентни слоеви, што е најважен фактор за нивните слични својства.
Елементите од иста група покажуваат закономерности во атомскиот радиус, јонизационата енергија и електронегативноста. Од горе надолу во дадена група, атомските радиуси на елементите се зголемуваат. Бидејќи има повеќе пополнети енергетски нивоа валентните електрони се наоѓаат подалеку од јадрото. Од горе, секој последователен елемент поседува пониска јонизациона енергија бидејќи е полесно да се отстрани електрон поради тоа што атомите не се врзани толку силно. На сличен начин се намалува електронегативноста, поради зголеменото растојание меѓу валентните електрони и јадрото.

Периоди
Периода е хоризонтален ред во периодниот систем. Иако групите се најчест начин за класифицирање на елементите, постојат региони каде хоризонталните трендови се позначителни отколку вертикалните трендови во групите, како што е f-блокот, каде лантаноиди и актиноиди образуваат две посебни редови на елементи.
Елементите од иста периода покажуваат тренд во атомскиот радиус, јонизационата енергија, афинитетите кон електроните и електронегативноста. Од лево надесно во една периода, атомскиот радиус најчесто се намалува. Тоа е така бидејќи секој последователен елемент има додаден протон и електрон кој го предизвикува електронот да биде повлечен поблиску до јадрото. Ова намалување на атомскиот радиус исто така предизвикува зголемување на јонизационата енергија одејќи од лево кон десно долж периода.


[1] Број на протони во атомското јадро
[2] Збирот на протони и неутрони во јадрото

Comments

Popular posts from this blog